Поврзете се со нас

АТП

Тажен ден за тенисот: Почина тренерот со кој Федерер го освои првиот Вимблдон (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Wimbledon

Рожер Федерер одбележа една незаборавна ера во тенисот и за многумина е еден од најголемите во историјата на овој спорт, а важен дел од почетоците на Швајцарецот беше шведскиот великан Петер Лундгрен.

Поранешниот играч најмногу се докажа во улога на тренер и најдобрите денови ги имаше токму со швајцарскиот маестро од Базел, па токму поради тоа веста за неговата прерана смрт ги обли во тага и фановите на Федерер.

Шведските медиуми пренесоа дека Лундгрен починал во 59-та година од својот живот после напорна и долгогодишна борба со дијабетесот, битка во која минатата година остана и без една нога.

– Почивај во мир татко. Си замина еден од најдобрите, за жал премногу рано. Тренер, играч, пријател и татко. Беше инспирација за многумина, на теренот, но и надвор од него. Неговото влијание и сеќавањата од него вечно ќе живеат, – гласи објавата на синот на Лундгрен.

Швеѓанецот го тренираше Федерер во периодот од 2000-та до 2003-та година и беше човекот со Швајцарецот ја освои првата титула на Вимблдон, а подоцна во кариерата Лундгрен соработуваше уште со Сафин, Багдатис, Димитров и Вавринка.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни