Поврзете се со нас

Италија

Тажен ден за светскиот фудбал: Почина најдобриот играч на мундијалот во 1990 година

Објавено

на

Фото: https://www.figc.it/

Салваторе Тото Скилачи починал на 59-годишна возраст, објавија италијанските медиуми кои ја пренесоа информацијата објавена од фамилијата на славниот фудбалер.

Скилачи имаше посебно место во историјата на италијанскиот фудбал, не само поради фактот што настапуваше за клубови како Јувентус и Интер, туку и поради головите кои ги постигнуваше за националниот тим.

Популарниот Тото ја загуби тешката битка со ракот, болест поради која изминатиот период му беа направени две операции, кои на крајот не беа доволни за спасување на неговиот живот.

Скилачи е роден во Палермо, првиот блесок го имал во дресот на Месина, со што си обезбедил трансфер во Јувентус, клуб со кој стигна до трофеите во Купот на УЕФА и Копа Италија.

Кулминацијата на неговата кариера се случува на Светското првенство во 1990 година, кога станува миленик на фановите од втор план, постигнувајќи важни голови. Донесе победа против Австрија, погоди против Чехословачка, во осминафиналето против Уругвај, во четвртфиналето против Република Ирска, како и во полуфиналето со Аргентина, кое Италијанците сепак го загубија на пенали. Одличната форма ја потврди и на дуелот за третото место, на кој со гол од пенал донесе победа против Англија.

Скилачи беше најдобар стрелец и прогласен за најдобар фудбалер на мундијалот во Италија, а тоа му донесе и второ место во гласањето за „Златната топка“, која заврши во рацете на Лотар Матеус.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни