Поврзете се со нас

Македонија

Тажен ден за македонскиот ракомет: Почина поранешниот репрезентативец Тони Шопов

Објавено

на

Македонскиот спорт и македонскиот ракомет денеска остана без едно познато име-Тони Шопов.

Шопов имаше сериозни здравствени проблеми во последниве години и на крајот ја загуби најважната своја битка. Тој водеше борба со ракот на дебелото црево, ама не успеа да се избори со тешката болест.

Шопов беше член на првата репрезентација на Македонија, вистинска легенда на велешкиот ракомет, човек кој настапуваше во многу клубови како во нашата земја и во странство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни