Италија
Тавареш блесна на „Олимпико“, Милан никако да победи под водство на Фонсека (Видео)

Милан ќе мора да почека за првата победа во ерата на Пауло Фонсека, бидејќи „росонерите“ денеска повторно се изборија само за реми на натпревар на кој поведоа во раната фаза.
Србинот Павловиќ го отвори дербито на „Олимпико“ со гол во 8-та минута, а тоа го натера Лацио повеќе да размислува на противничкиот гол и да бара решенија во противничката половина.
За разлика од Милан, Лацио на ова дерби пристигна со биланс од една победа и еден пораз, но вечерва запиша и прво реми, пред се благодарение на левиот бек Нуно Тавареш.
Фудбалерот кој настапува како позајмен фудбалер во Лацио вечерва покажа дека може да биде големо засилување за Лацио, бидејќи директно учествуваше и ги намести двата гола за пресврт.
Тавареш најпрво го проигра Кастелјанос за 1:1, а потоа четири минути подоцна и Дија за целосен пресврт на „Олимпико“. Двајцата стрелци имаа најлесен дел од задачата по извонредните додавања од Тавареш, но истите сепак не се покажаа како доволни за три бода.
По двата примени гола, Фонсека направи серија замени и во игра го стави Рафа Леао, а токму Португалцот стрелаше за конечни 2:2.
Милан на овој начин го освои вториот бод во Серија А, но ќе мора да почека за прва победа во ерата на Фонсека.
Видеото погледнете го ТУКА
-
Италија23 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија18 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија17 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет22 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија15 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет20 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
АТП16 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
ВТА19 часа
Историска победа: Швјонтек ја остави Анисимова на „нула“ и ја освои првата титула на Вимблдон