Поврзете се со нас

НБА

Таварес со комплименти за Дончиќ: Тој е како Леброн Џејмс

Објавено

на

Foto:x.com/Lakers

Ѕвездата на Реал Мадрид, Валтер Таварес испрати комплименти на адреса на Лука Дончиќ за кого смета дека е на исто ниво со неговиот соиграч од Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс.

Добро ја знаеме големината на Џејмс, еден од најдобрите играчи во неговата генерација, еден од најдобрите во историјата на оваа игра, но популарниот Еди имаше можност да работи со него, ама и со Дончиќ со кого беа заедно во таборот на „кралевите“.

-Го познавам Лука Дончиќ уште кога беше многу млад и веќе се зборуваше за него во Шпанија. Беше неверојатно кога добив шанса да играм со него. Тој е исто како Леброн Џејмс. Тие не се изградени исто, но тој има се што прави Леброн.

-Визија на теренот, контрола на играта, се е исто. Можеби не може да скока како Леброн, но останатото е исто, -вели Еди и додава:

-За мене беше прекрасно да видам толку висок човек како игра како плејмејкер и да видам некој како игра со таква леснотија, контролирајќи се. Изгледа како да игра бавно темпо, но ве принудува да играте на начин што тој сака. Кога треба да го чувате на тренинг, не знаете што да направите за да го задржите. Како да игра бавно, но наеднаш го менува ритамот. Луѓето мислат дека е бавен, но тој само ја контролира играта, -заклучи центарот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни