Таунсенд се отвори за проблемот со обложувањето: Само со еден клик изгубив 46.000 фунти

andros

Повремениот англиски репрезентативец, Андрос Таунсенд проговори отворено за проблемите со обложувањето кои ги имаше во минатото.

Стрелецот на еден од најубавите голови во историјата на Премиер лигата (Манчестер Сити-Кристал Палас) во 2013 година беше казнен од фудбалската асоцијација, односно суспендиран на четири месеци за кршење на регулативите за обложување. Тоа дефинитино му ја промени кариерата, поточно беше пресвртна точка, па од денешна точка се наврати на тоа и даде еден пример како лежејќи во кревет со само еден клик загубил 46.000 фунти.

-Не пијам, не се дрогирам, мислам дека некогаш сум бил во ноќен клуб во мојот живот. Ама сепак успеав да изгубам  46.000 фунти со само еден клик на телефонот. Јас дури и не морав да ја напуштам мојата соба. Јас сум веројатно единствениот човек во историјата што изгубил 46.000 фунти лежејќи во кревет во среда навечер во Блекпул. Ова не е приказна за златно момче. Тоа веднаш да го расчистиме. Не кликнавте на бајка, жал ми е што морам тоа да ви го кажам. Не сакам премногу да зборувам за мене затоа не ја раскажувам оваа приказна за целиот свет. Го кажува ова за луѓето кои се погодени, за оние кои биле погрешно разбрани, депресивни, изгубени, а особено за оние кои се бореле со зависноста, -вели офанзивецот во дел од своето обраќања за „Плејерс Трибјун“.

Facebook Коментари