Поврзете се со нас

НБА

Таунс со луцидна тројка го откажа Торонто во завршната брканица на теренот (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/nyknicks

Торонто и Њујорк режираа вистинска брканица на теренот во последните три минути од натпреварот, период во кој практично се сведе се што беше играно во претходните 45 минути.

„Репторси“ влегоа со блага предност од 104:101, но тројката на Брансон го најави налетот на гостите од Њујорк, а воедно и пресвртот во завршните 180 секунди.

Никси успеаја да бидат помирни во завршницата која беше крајно конфузна на двете страни, бидејќи во дадени ситуации имаше класична брканица на теренот и многу избрзани потези.

Во такви услови, најмирен остана Карл Ентони Таунс кој ги постигна завршните пет поени на натпреварот, а луцидната тројка за 113:108 беше клучна за победата.

Токму Таунс со 24 поени беше најдобар поединец во својот тим, следен беше од Бриџес со 23, како и од Брансон со 20 поени.

За Њујорк ова беше петта победа на последните шест натпревари, додека Торонто врза три порази во низа.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни