Таткото на Урош Бркиќ откри какви повреди заработил Србинот во инцидентот во Скопје

uros brkic skopje 2017

Српскиот автомобилист Урош Бркиќ засега од непознати причини ја загуби контролата на стартно-целната рамнина на кружната трка во Скопје и заврши надвор од патеката, удирајќи и во Александар Димушевски, главниот организатор и директор на трката кој со сериозни повреди заврши во болница.

Синот на Димушевски: Вуле е свесен, но се уште е во критична состојба!

Настрада и самиот Бркиќ кој со голема брзина заврши надвор од патеката со својот автомобил Хонда Сивик, а според информациите на неговиот татко, се наоѓа вон животна опасност.

– Според информациите од лекарите и двајцата не се наоѓаат во животна опасност. Урош заработи четири скршени ребра и уште многу други површни повреди, очекувам во среда да ја напушти болницата и да продолжи со домашно лекување, – изјавил Чедомир Бркиќ за српските медиуми.

По инцидентот во седмиот круг на четвртата дивизија, трката беше прекината.

Facebook Коментари