Поврзете се со нас

АТП

Таткото на Тим: Доминик загуби клучен поен против Ѓоковиќ, Надал може да се победи само на еден начин

Објавено

на

blank

Доминик Тим беше во навистина поволна ситуација да го надигра Новак Ѓоковиќ во финалниот меч во Мелбурн на почетокот на сезоната, но како многупати досега, Србинот се врати како феникс кога најмалку се очекуваше и со пресврт го одведе мечот во своја корист.

Тим имаше водство од 2:1 во сетови и го диктираше темпото во секој поен, а при 2:1 во четвртиот сет не искористи брејк топка за водство од 3:1 кое најверојатно комплетно ќе го скршеше Србинот. Новак ја одбрани брејк топката и го доби тој гејм, а според таткото на Тим, пропуштената брејк топка го оставила неговиот син без трофеј на Австралија Опен и прва грен слем титула.

– Тоа беше многу изедначен меч. Доминик водеше 2:1 во сетови и имаше клучна брејк-топка која не ја искористи при 2:1 во четвртиот сет.

– Да го добиеше тој поен, ќе дојдеше до прва грен слем титула. Во такви мечеви, одлучуваат нијанси, некогаш ги добивате, некогаш не. Најважно е тоа што тој е на високо ниво подлого време, а тоа значи дека е на вистинскиот пат, – вели Волфганг Тим кој направи анализа и за дуелите на неговиот син со Надал.

– За победа против Надал, морате да бидете концентриран од првата топка на мечот. На Доми му беа потребни неколку меча против него за да го сфати тоа. Со Надал е потребна максимална концентрација и висок интензитет, само така може да го победите, а ова особено значи за турнирите на земја, – завршува Волфганг.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни