Поврзете се со нас

Италија

Таткото на Силва: Давид не разговорал и не дал никакво ветување на Лацио

Објавено

на

Лацио извиси во трката за слободниот агент Давид Силва, кој откако го напушти Манчестер Сити, реши да потпише договор со Реал Сосиедад.

Дека италијанскиот клуб бил речиси сигурен дека ќе го доведе Шпанецот во Рим говори и реакцијата на спортскиот директор Игли Таре, кој денеска јавно испрати критики на адреса на Силва.

Брзо стигна одговор и од таткото на фудбалерот, кој во негово име се обиде да ја расчисти ситуацијата.

– Кога Лацио дозна за договорот на Давид со Реал, не реагираа жестоко, затоа што ништо не беше сигурно договорено.

– Точно е дека имало контакти со Лацио, но и со други клубови, по што мојот син реши да оди во Реал Сосиедад.

– Не било ништо договорено со Лацио, Давид е изненаден од нивната реакција, секој е слободен да донесе своја одлука, а тие дури не ни зборувале со него, туку со неговиот агент. Затоа не ми е јасно зошто го критикуваат лично, кога тој имал исти преговори и со други клубови, – изјавил Давид Хименез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни