Таткото на Сари за преселбата во Јувентус: Тој не знае…

sari-raka

Јувентус ја заврши приказната со Масимилијано Алегри и сега бара нов предводник кој според сите информации треба да биде италијанскиот стратег Маурицио Сари.

Меѓутоа и покрај сите очекувања дека набрзо може да имаме официјална потврда по се изгледа Сари нема расчистено со премиерлигашот Челси со кого е под договор. Ова го обелодени таткото на Маурцио, господинот Америго го краткиот разговор со јутуберот Џакомо Каролеи.

-Тие (Челси) се уште го немаат ослободено. Дури и тој не знае кога тоа ќе се случи, -истакнал таткото на Маурицио кој не знае дали Јувентус ќе биде неговата следна дестинација.

-Се надевам ќе се врати во Италија, -порачал Америго.

Facebook Коментари