Таткото на Рејес откри низ каков пекол минуваат тој и неговата сопруга по трагичната смрт на фудбалерот

rejes-tatko

Хосе Антонио Рејес во трагична несреќа го загуби животот на 1-ви јуни, а сега цели четири месеци по страшната сообраќајќа во Утрера, за првпат се огласи неговиот татко кој е скршен од болка.

Во големата болка на најблиското семејство се приклучија и големите ѕвезди од шпанскиот фудбал и сите искрени љубители на фудбалот, па иако е многу тешко да се говори на оваа тема, неговиот татко Франсиско се одлучи да се отвори во јавноста и да долови каков шок доживеале тој и неговата сопруга по губењето на синот.

– Кога сме сами во домот, постојано плачеме. Ова е навистина тежок период. Дури не зборуваме меѓусебно, ако го направиме тоа, кажуваме нешто што не расплакува, – открива Франсиско во разговорот за „Вива ла Вида“ и надополнува дека во многу полоша состојба била неговата сопруга Мари, односно мајката на веќе починатиот фудбалер.

– Неговата мајка не ни излегува до скалите од дворот. Знаевме дека ќе биде тешко, но не до волку. Мојата сопруга прави само две нешта. Станува од креветот и легнува на софата, а од софата се враќа во креветот. Се прашуваме од каде ќе добиеме сила. Во овој момент, изгледа како нашите животи да немаат смисла, – се исповеда повредениот Франсиско.

Само за потсетување, Рејес го загуби животот на 1-ви септември во ужасна сообраќајна несреќа по која се запали неговиот Мерцедес, трагедија во која животот го загуби негов роднина, а уште еден ја преживаа со тешки изгореници на телото.

 

Facebook Коментари