Поврзете се со нас

Шпанија

Таткото на разочараната ѕвезда на Барса: Чави си има свои причини, но јас сум бесен како родител

Објавено

на

foto: https://www.facebook.com/fcbarcelona

Ансу Фати беше најавуван како идна голема ѕвезда на Барселона и клубот му ја врачи „десетката“ која ја носеше Лионел Меси, но неколку сезони подоцна, слободно може да се заклучи дека талентираниот фудбалер се наоѓа во доста незавидна ситуација во првиот тим.

Офанзивниот фудбалер во неколку наврати оваа сезона го искажа незадоволството за недоволниот број минути кои ги добива од тренерот Чави Ернандес, но сега со изјава се јави и неговиот татко кој искрено сака синот да си замине наредново лето.

Бори Фати одработил доста бурно интервју за „Кадена Копе“ и ја искажал цела лутина која ја чувствува како родител, иако желбата на неговиот син и натаму останува иста, а тоа е да триумфира на „Камп Ноу“.

– Ансу е презадоволен од начинот на кој работи, веќе четири години е во елитата и физички е максимално подготвен. Зошто не добива шанси? Тоа е добро прашање, треба да го прашате Чави. Ансу не е разочаран од Чави, тој е неговиот идол од детството, но јас сум бесен како татко. Чави си има свои причини, не го менува тимот кој победува.

– Сепак, ова не може вечно да трае, сите го знаете агентот Мендеш и тој пред две години носеше сериозни понуди за Ансу. Ако се прашувам јас, би си одел од Барселона, но тој се уште сака да остане во Барса. Зборуваме за „десетката“ на Барса, за дете од младинската школа Ла Масија и тој заслужува повеќе. Сметам дека мојот син заслужува повеќе од тоа што го добива, Ансу беше стартер во тимот во кој беа Меси, Гризман и Суарез.

– Зборував и со спортскиот директор Алемани, ми порача дека клубот се уште смета на Ансу Фати. Јас сакам да си оди, но Ансу не се согласува со мене. Барам само да добие шанса каква што доби Винисиус во Реал Мадрид. Потребна му е поддршка и континуитет, разговараме за играчот кој ја носи „десетката“ на Барса, – вели таткото на Фати.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни