Поврзете се со нас

Формула 1

Таткото на Перез итно бил префрлен во болница по судирот на Чеко со Саинц

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/redbullracing

Трката за Големата награда на Азербејџан донесе доста возбудувања за една градска патека, но на крајот и еден непотребен инцидент кој ги остави без бодови Серхио Перез и Карлос Саинц.

Амбициите на двајцата да се изборат за што подобра позиција завршија со тркачки судир за кој стјуардите не доделија казна, но од целата оваа ситуација, најдебелиот крај го извлекол таткото на мексиканскиот возач.

Антонио Перез Гарибај, таткот на Чеко бил итно пренесен во болница во Мексико Сити, и тоа неколку минути по големиот инцидент кој го имаше неговиот син на трката во Баку.

Медиумите пренесоа дека повозарсниот Перез бил во прединфарктна состојба, а бил итно пренесен во болница откако неговите роднини го пронашле во тоалетот без свест.

За среќа, неговата состојба била стабилизирана на интензивното одделение и сега се чувствува многу подобро, но лекарите му препорачале во иднина барем некое време да не гледа трки на кои се натпреварува неговиот син.

Болницата излезе со соопштение во кое се вели дека состојбата на пациентот е стабилна, па очекувањата се Антонио Перез да биде испратен на домашно лекување во наредните неколку дена.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни