Поврзете се со нас

АТП

Таткото на Ноле „удри“ по властите во Австралија, се поизвесно дека неговиот син нема да учествува на турнирот

Објавено

на

Таткото на Новак Ѓоковиќ, Срѓан Ѓоковиќ, со жестоки зборови се спротивстави на одлуката на австралиските власти на Австралија Опен да учествуваат само вакцинирани тенисери.

Оние кои не се вакцинирани, ќе може да учествуваат на турнирот, но да исполнат еден исклучително тежок услов, да останат во карантин 14 дена без притоа да ја напуштаат хотелската соба, нешто што се граничи со здравиот разум, според Срѓан Ѓоковиќ.

– Лично право на секој од нас е дали ќе се вакцинираме или не. Никој нема право да ни влегува во интимата, тоа е загарантирано и со сите устави. Секој има право да одлучува сам за сопственото здравје.

– Дали Новак е вакциниран, тоа е негово ексклузивно право, а дали тоа ќе го објави, мислам дека нема. Ни јас не ја знам таа одлука, но и да ја знам не би ја споделил со вас. Тој си има право да одлучи како сака, -започна Срѓан Ѓоковиќ во интервјуто за српската телевизија „Прва“, а потоа посочи дека неговиот син е непријатно изненаден од односот на луѓето во Австралија.

– Беше непријатно изненаден поради соопштението на властите во покраините во Австралија, кои си дадоа за право да го прозиваат деветкратниот шампион на Австралија Опен. Дали ќе се појави таму, зависи само од нив и тоа како ќе се постават. Тој со цело срце сака да игра таму, а и ние би сакале, но под овие уцени и услови веројатно нема. Јас тоа не би го направил, а тој е мој син, па заклучете сами која ќе биде неговата одлука, -изјави Срѓан Ѓоковиќ и потоа упати прашање кон Крег Тил, човекот кој ја донесе одлуката само вакцинирани тенисери да настапат на турнирот.

– Која вакцина е призната господине Крег? Руската не е призната? Според нашите критериуми признати се кинеската и руската. Признајте ги и нивните и вашите вакцини, тогаш со задоволство би играле. Мислам дека не е во ред ова, затоа што руските и кинеските вакцини не ги признавате.

– Што се однесува до карантинот, може, но 14 дена да биде во хотелска соба и да не смее да излегува ни во лобито на хотелот. Супер го смислиле тоа, нека играат тие на турнирот, -заклучи Срѓан Ѓоковиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни