Поврзете се со нас

АТП

Таткото на Ноле: Нарекувајте го Ѓоковиќ онака како што не ви дозволуваат на Западот!

Објавено

на

Foto:x.com/AustralianOpen

Новак Ѓоковиќ вчера беше прогласен за спортист на годината во Србија од страна на здружението на спортски новинари, а во негово име, наградата на свеченоста во Белград ја примил таткото Срѓан.

Изјавите на повозрасниот Ѓоковиќ секогаш привлекуваат големо внимание во јавноста поради начинот на кој се изразува, па ништо поразлично не е ниту вчерашното обраќање кое го имал во галеријата на РТС.

– Среќен сум и задоволен сум што сум татко на најдобриот спортист на сите времиња. Немојте да се плашите да го кажете тоа, тој според сите показатели е најдобар спортист на сите времиња. Слободно нарекувајте го така, оние кои не ви даваат да го правите тоа, не се во право, – порачал Срѓан, алудирајќи на западните медиуми кои често знаат да го критикуваат Србинот.

– Тој имаше детство во најтешките времиња, во период на санкции и бомбардирања, имаше очаен живот во Србија и платите беа по неколку марки. И покрај се, тој остана оној истиот од 6 години. Уште тогаш знаеше кога треба да оди во кревет, што да јаде, каква оценка ќе добие по математика…. Воопшто не му беше лесно, но тој се успеа да претвори во позитива.

– Минатата година му реков да престане со играње тенис, но тој ми порача да го оставам да го прави тоа што најдбро го знае. Што и да прави во продолжение од кариерата, тој ќе биде најдобар во светот. Уживајте во Новак, не знам уште колку ќе игра, не би давал прогнози за да не се налути на мене. Најверојатно ќе освои уште нешто до крајот на кариерата, – гласи обраќањето на Срѓан.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни