Поврзете се со нас

Италија

Таткото на Нико Паз се огласи за иднината на откровението во Серија А

Објавено

на

Foto:x.com/Como_1907

Нико Паз самостојно се етаблираше како еден од најголемите светски таленти во овој момент, сето тоа како резутлат на довербата која ја доби од Сеск Фабрегас како лидер во тимот на Комо.

Талентираниот фудбалер на Реал Мадрид направи трансфер во италијанскиот клуб минатото лето, но по само една одиграна сезона, се поставува прашањето дали „кралевите“ се подготвени да го прекинат неговиот престој во Комо и да ја активираат опцијата за откуп.

Реал задржа право да го врати Аргентинецот за одредена сума на пари во наредните три години, но според таткото на младиот Нико, најдобро за развојот на неговиот син ќе биде да остане барем уште една сезона во Комо.

– Нема сомнеж дека Нико сака да остане уште една година во Комо. Се чувствува генијално во тимот, но и во градот. Тој е многу среќен и со Фабрегас на клупата се чувствува како да магистрира на Универзитет.

– Јасно е дека има интерес и од многу поголеми клубови во светот, но за нас ќе биде добро ако остане уште една година во Комо, – потенцира Пабло Паз.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни