Поврзете се со нас

Свет

Таткото на Нејмар за заинтересираните клубови: Мојот син е како подарок за бизнисмените

Објавено

на

Foto:twitter.com/Alhilal_EN

Нејмар заработи потешка мускулна повреда откако фановите на Ал Хилал го чекаа да се врати речиси една година, па како што стојат работите, тешко е да се верува дека Бразилецот ќе остане во Саудиска Арабија по истекот на актуелниот договор.

Напаѓачот си ја наполни сметката од милионите во Саудиска Арабија и најверојатно ќе може да бира каде ќе ја продолжи кариерата по крајот на тековната сезона, особено поради фактот што ќе биде слободен агент.

За такво сценарио веќе се подготвува и неговиот тим, или поточно неговиот татко кој инаку му е и официјален претставник во фудбалскиот свет.

– Чекаме да видиме како ќе се развиваат работите и да видиме како ќе се чувствува Нејмар. Тој ќе биде слободен да одлучува што сака да прави. Никогаш не сме биле толку слободни како сега, можеме да бираме каде да одиме. Да имате 32-годишник како Нејмар слободен на гранка е како подарок за било кој бизнисмен во фудбалот.

– Нејмар има договор до 2025-та година, а за потоа не знаеме ништо. Ги слушам шпекулациите и почнавме да се подготвуваме за тоа што следи. Да видиме како ќе се опорави од оваа повреда, но ќе биде исто како и секогаш. Ќе се врати посилен од претходно, – вели Нејмар Сениор.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни