Таткото на Нејмар во друштво на Ал Келаифи проговори за иднината на својот син

tatko-naser

Бразилските и француските медиуми со големо внимание ја пренесоа посетата на Насер Ал Келаифи во Бразил за да дознае во каква ситуација се наоѓа Нејмар, а бидејќи престојот на газдата на ПСЖ во родната земја на најголемата ѕвезда на „светците“ се оддолжи за еден ден плус, новинарите од Бразил ја искористија можноста да извлечат изјава од страна на таткото на фудбалерот.

Нејмар Сениор и Ал Келаифи беа уловени од страна на бразилските новинари во текот на денешниот ден, а тактото на фудбалерот излегол со кратка порака со која ги расчистил сите дилеми околу тоа каде ќе продолжи неговиот син по крајот на актуелната натпрварувачка сезона.

Многумина почнаа да шпекулираат дека Нејмар нема да дочека ниту една година во Париз и дека тешката повреда ќе значи крај на неговата етапа на „Паркот на принцовите“, но сега вакво сценарио отфрли тактото кој всушност е и негов претставник.

– Иднината на Нејмар е во ПСЖ. Сегашноста на Нејмар исто така е поврзана со ПСЖ, тоа е се што имам да кажам, – им порачал Нејмар Сениор на новинарите во присуство на катарскиот газда на францускиот клуб.
nej-tatko-naser

Facebook Коментари