АТП
Таткото на Надал побара од Рафа да го предаде мечот, големиот борец одби и победи на епски начин! (Видео)

Рафаел Надал уште еднаш презентираше дека е еден од најголемите борци кои се појавиле во историјата на спортот, бидејќи дури и кога е во загубена ситуација и кога има очигледни здравствени проблеми, успеа да пронајде решение иако овојпат доби совет да се предаде и од своите најблиски.
Надал делуваше загубено против Тејлор Фриц поради тоа што немаше тениско решение за Американецот, но и поради тоа што се соочи со мускулни проблеми на стомакот, кои направија да биде доведено во прашање доигрувањето на четвртфиналето на Вимблдон.
Рафа побара медицински тајм-аут по негативата од 1:0 во сетови и на средина на вториот, па иако неговите татко и сестра од вип ложата бараа да прекине и да го предаде мечот, тој се врати од соблекувалната со друга мисла и подготвен да се бори.
Шпанецот по којзнае кој пат во кариерата одговори на теренот на најдобар можен начин во најтешки услови, па после повеќе од четири часа игра, направи пресврт и се пласираше во полуфиналето на турнирот славејќи во супер-тајбрејкот (3:6, 7:5, 3:6, 7:5 и 7:6).
– Искрено, не знам како победив. Уживам да го давам максимумот и да се борам до крај. Овојпат ме врати публиката. Телото ми беше добро пред мечот, но почувствував нешто во стомакот што не функционираше добро. Од 3:1 во првиот сет, секојпат кога сервирав, како да добивав удар во стомакот. Мислев дека нема да го доиграм мечот. Вистина е дека дури мојот татко и мојата сестра бараа од мене да се предадам. Сепак, енергијата на стадионот ми помогна да се вратам, а впрочем не е лесно да се откажете кога сте стигнале до четвртфинале.
– Не знам дали ќе можам да играм во полуфиналето, ќе ми биде потребна потврда од лекарите. Ќе направам испитувања и ќе ги слушнам советите од тимот. Во следното коло ме чека Кирјос и искрено се надевам дека ќе можам да излезам на терен. За да имам шанси, морам да дадам 100 проценти од себе, – изјави Надал.
El padre de 🇪🇸 Nadal pidiéndole que se retire ante 🇺🇸 Fritz
La imagen: pic.twitter.com/ZDx5AvogCQ
— José Manuel Amorós (@AmorosCuatro) July 6, 2022
-
Пливањепред 20 часа
Романски тинејџер го собори светскиот рекорд на 100 метри слободен стил
-
Англијапред 21 час
Голманот на КПР донесе голем бод со гол во последните секунди (Видео)
-
Шпанијапред 23 часа
Херојот Димитриевски со интервју од теренот откако ја фрустрираше Барса: Со сите нови засилувања… (Видео)
-
Светпред 19 часа
Роке, Роке, Роке: Санта Круз е мајстор и на 40 години (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Де Хеа инсистирал да направи интервју со „Скај“ за да го опише ужасниот ден на Јунајтед (Видео)
-
Репрезентацијапред 13 часа
Голем успех за момците на Стојановиќ: Кадетите го освоија ЕХФ шампионатот во Рига
-
Англијапред 22 часа
Невил: Глејзер под итно да се појави во Манчестер, клубот скапува
-
Англијапред 20 часа
Рио Фердинанд за колапсот на Јунајтед: Веќе не можам да ги тролам ни фановите на Арсенал