Поврзете се со нас

Свет

Таткото на Меси ги коментираше најавите дека играчот ќе продолжи во Интер Мајами и ќе купи дел од акциите на клубот

Објавено

на

Таткото на Лионел Меси кој е и негов агент, Жорге, веднаш даде коментар на најавите дека неговиот син по завршувањето на авантурата во ПСЖ кариерата ќе ја продолжи во Интер Мајами.

Ваквите најави беа лиферувани од неколку американски медиуми кои ја искористија средбата помеѓу Дејвид Бекам и Лионел Меси да креираат сторија според која играчот би се преселил во тимот од Мајами и би влегол во клубот со дури 35% од акциите.

Ваквата вест брзо ја негираше Жорге Меси кој истакна дека средбата помеѓу неговиот син и Бекам била поради тоа што тимот на ПСЖ бил во Доха, а во тој момент таму бил и Дејвид Бекам.

– Лео се уште не одлучил за својата иднина. Ако Лео Меси се сретнал со Дејвид Бекам, тоа е поради фактот што ПСЖ беше во Доха каде поранешниот англиски фудбалер имаулога на амбасадор за Светското првенство во Катар, -јасен беше Жорге Меси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни