Поврзете се со нас

Шпанија

Таткото на Ламин сподели уникатна слика од Меси и Јамал од пред 16 години: Почетокот на две легенди (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/SEFutbol

Лионел Меси го посочи Ламин Јамал како момче кое може да одбележи една ера во Барселона и светскиот фудбал, но всушност врската која ја има Аргентинецот со младиот шпански талент датира од пред 16 години.

Колку и да звучи неверорјатно, Меси на крајот на 2007-ма година беше дел од еден солидарен проект на весникот „Спорт“ во кој ѕвездите од првиот тим на Барселона позираа со новороденчиња, а Лео во тоа време имал средба со родителите на Ламин, но и шестмечесното бебе кое сега е светски познат фудбалер.

Меси не успеа да го дочека Ламин и заедно да заиграат во Барселона, но според стилот на игра, Јамал неверојатно потсетува на Аргентинецот и веќе е омилен меѓу навивачите на Барса.

Во последните неколку часа вирални станаа сликите кои датираат од пред 16 години, а една од нив пренесе и таткото на Ламин со следната порака.

– Почетокот на две легенди……

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни