Поврзете се со нас

Италија

Таткото на Кварацхелија прогнозира кој дрес ќе го носи неговиот син следната сезона

Објавено

на

Foto:twitter.com/sscnapoli

Квича Кварацхелија пристигна во Неапол пред 18 месеци и од тој момент доживеа неверојатен раст во играчката кариера, а во меѓувреме стана и италијаски шампион во својата прва сезона во клубот.

Грузиецот го презентираше сиот свој потенцијал и беше избран за најдобар играч во Серија А минатата сезона, па иако оваа не е на исто ниво, крилниот фудбалер и натаму е сериозно следен од далеку поголеми клубови.

Наполи претстојново лето ќе го продаде Виктор Осимен и тоа го потврди самиот претседател Аурелио Де Лаурентис, а дефинитивно голем удар за клубот би бил ако остана и без Квича.

Сепак, таткото на крилото денеска испорача вест која малку ќе ги смири навивачите на Наполи, бидејќи самиот тој реши да ги стивне информациите за можна преселба во Барселона.

– Многу сум среќен што Наполи ја освои титулата минатата сезона и тоа што мојот син учествуваше во тоа. Многу сум благодарен на Италија и Неапол што го пречека мојот син на најдобар можен начин. Го ценат како личност и како фудбалер.

– Тој е единствениот кој ќе донесе одлука, тој самиот ќе реши дали ќе остане во Наполи, или не. Но, од тоа што јас го чувствувам, ќе продолжи да го носи дресот на Наполи и наредната сезона, – гласи изјавата на Бадри Кварацхелија.

Според најавите од Неапол, агентите на Квича и Де Лаурентис планираат да се состанат по крајот на сезоната, по што Кварацхелија би добил нов многу побогат договор од актуелниот клуб.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни