Поврзете се со нас

Италија

Таткото на Кварацхелија откри за кој тим сонува неговиот син: Сите во нашето семејство се нивни фанови

Објавено

на

Квича Кварацхелија ја игра втората сезона во дресот на Наполи, сезона која можеби не е добра како првата, но офанзивецот и понатаму е супер опасен и незгоден ас за секој противник.

Грузиецот има само 22 години и допрва се очекува она најдоброто од него, а со оглед на потенцијалот, способноста, квалитетот што го поседува може да биде еден од најдобрите на светот на неговата позиција, Тој засега е среќен со Наполи и е врзан за овој клуб, ама работите можат да се променат во иднина, па дури и да си го оствари сонот, а тоа е да го носи дресот на Реал Мадрид.

Таткото на ѕвездата на Наполи, Бадри откри дека неговиот наследник има амбиција да биде член на „кралевите“, но и дека сигурно било посебно за него да игра против шпанскиот великан.

-За Квича, играњето против Реал Мадрид беше посебно. Отсекогаш сонувал и убеден сум дека се уште сонува да игра за Реал Мадрид. Во моето семејство сите се фанови на „Лос Бланкос“ со исклучок на мене. Поради оваа причина, тоа беше многу посебен натпревар, -истакна Барди за „Geo Team“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни