Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Таткото на Куртоа употреби тешки зборови за Азар по неговата непрофесионална реакција во Лондон

Објавено

на

Тибо Куртоа и Еден Азар како поранешни членови на Челси имаа можност да елиминираат дел од своите поранешни соиграчи во полуфиналето во Лигата на шампионите, но наместо тоа, избраниците на Томас Тухел беа оние кои на големо се радуваа на реваншот на „Стемфорд Бриџ“.

Куртоа беше еден од првите кој даде изјава по поразот од 2:0 и посочи дека ќе навива за Челси во големото финале во Истанбул кое се игра на крајот на овој месец, но сепак, топ тема стана Еден Азар кој имаше навистина несовесна и непрофесионална реакција со која ги повреди навивачите на „кралскиот клуб“.

Белгиецот се смееше по болната елиминација додека разговаше со своите поранешни соиграчи на теренот, па иако се извини преку социјалните мрежи, критика на неговата адреса пристигна и од таткото на Тибо.

– Реално и најискрено кажано, не беше интелигентно тоа што го направи Еден. Најверојатно не размисли воопшто, но тие слики од неговото смеење се болни за фановите на Реал Мадрид. Кога гледате како се смее еден ваш фудбалер две минути по елиминацијата, мора да кажете дека е непрофесионално.

– Сега до крајот на сезоната има шанса да го поправи ова, може да му ја донесе титулата на Реал во Примера. Ако го направи тоа, ова ќе се заборави, но Рамос или некој од поискусните, сигурно ќе зборува со Азар на оваа тема, – изјави таткото на Куртоа во подкастот „ХЛН Спорткаст“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни