Поврзете се со нас

Олимписки игри

Таткото на Келиф: Иман израсна како девојче, имаме јасна цел

Објавено

на

Foto:facebook.com/COAlgerie

Иман Келиф мина уште една пречка на женскиот турнир во бокс до 66 килограми, но откако ја совлада Унгарката Ана Лука Хамори, Алжирката не ги криеше емоциите и се расплака пред камерите.

Келиф се најде во средина на скандал поради некомплетираниот тест за нејзиниот пол, па така многумина си дадоа за право да ја нападнат и да линчуваат за успехот кој го остварува во женска конкуренција.

Со самиот пласман во полуфиналето, Иман веќе обезбеди медал за својата земја (се доделуваат по две бронзи во бокс), но јасно е дека целта ќе биде да се освои златен медал.

Најважните луѓе од Алжир излегоа во одбрана на својата претставничка и почнаа да излегуваат со докази дека Иман е родена како жена, а сега со изјава се јави и нејзиниот татко.

– Мојата ќерка е девојка. Иман се роди како девојче и беше растена како девојче. Разликата е во тоа што станува збор за многу силна девојка. Од најама возраст работеше напорно и беше храбра. Победува поради тоа што е посилна од своите ривалки. Иман е пример за алжирската жена, таа е хероина на Алжир. Ако не посака Господ, таа ќе освои злато и ќе позира со знамето на Алжир во Париз. Тоа е нашата цел од самиот старт, – вели Омар Келиф во интервјуто за „АФП“.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни