Шпанија
Таткото на Јовиќ откри како напаѓачот се повредил: Тој е потиштен и разочаран!
Српскиот напаѓач Лука Јовиќ дефинитивно нема по добро да ја памети првата своја сезона во дресот на Реал Мадрид, клуб во кој дојде откако блескаше во германскиот бундеслигаш Ајнтрахт Франфурт.
Тој ретко добиваше шанса во таборот на „кралевите“ по што дојде пандемијата со коронавирусот и имаше одредени проблеми во неговата матична земја Србија за да денеска стигне информацијата дека има скршеница на ногата, повреда која ја заработил во домашниот карантин во неговата родна земја.
Нормално оваа вест со неверување ја испратија во Реал, а како дошло до повредата се обиде да објасни Милан Јовиќ, таткото на Лука.
-Навистина страшно…бевме изненадени од оваа вест. Ова воошто не го очекувавме. Се подготвуваше дома во Белград според програмата што ја доби од клубот и за време на една вежба почувствува голема болка, кој знаеше дека е толку сериозно…Се подготвуваше да запне, да излезе и биде најдобар и видете што се случи.
-Сè уште не се знае ништо, треба да направиме подетални прегледи за да знаеме колкава пауза го очекува-
Милан воедно посочи како во моментов се чувствува неговиот син.
-Тој е потиштен, влезе некој страв во него…Не само поради повредата, туку и поради тоа што никој од српските фудбалери немаше среќа во тој Реал, сите се повредуваа, -контатира постариот Јовиќ за „Курир“.
-
Шпанијапред 19 часа
Анчелоти за партијата на ветеранот: Имаше лош меч, но немој да го вперувате прстот кон него!
-
Англијапред 19 часа
Мадисон му испрати „отровна стрела“ на Сака по крајот на тензичното дерби (Видео)
-
Италијапред 16 часа
Капитенот на Наполи избра страна по конфликтот меѓу Осимен и Гарсија
-
Шпанијапред 20 часа
Мората потсети на една незаборавна изјава на Чоло откако му даде два гола на Реал: Дечињата од Мадрид…..
-
Италијапред 19 часа
Мурињо: После ова што го видов, веќе никогаш нема да кажам лош збор за „Олимпико“
-
Италијапред 21 час
Наполи продолжи да губи бодови, Де Лаурентис се јави со интересна реакција
-
Англијапред 20 часа
Покетино по новата катастрофа на Челси: Ни недостасува само едно нешто
-
Англијапред 21 час
Менаџерот на Лидс покажа како се „лепи“ топка, навивачите збеснаа на трибините (ВИДЕО)