Таткото на Халанд „несакајќи“ ја обелодени вистинската причина поради која Ерлинг не заврши на „Олд Трафорд“

haland-tatko

Ерлинг Халанд имаше неверојатно влијание врз играта на Борусија Дортмунд веднаш по трансферот кој го направи од Салцбург, партии со кои само дополнително неговото име продолжи да се споменува во англиската јавност, од јасна причина што Манчестер Јунајтед на крајот не го доведе норвешкиот вунеркинд кој силно го посакуваше.

Оле Гунар Солскјер одржа и приватен состанок со Халанд во обидот да го убеди да му се придружи на „Олд Трафорд“, а сега таткото на Ерлинг открива дека Борусија бил негов прв избор и поради тоа што цел клуб го посакувал неговиот син, а не само менаџерот како што била ситуацијата со Јунајтед.

– Никогаш нема да дознаеме како ќе му тргнеше ако избереше друг клуб. Можно е да го имаше истото влијание, но никогаш не се знае во фудбалот. Никогаш нема да добиеме одоговор на тоа прашање, но затоа сме среќни со одлуката која ја донесовме и клубот кој го избравме. Мора да изберете место во кое цел клуб ве сака, а не само менаџерот на тимот, – потенцира Алф Инге Халанд за „ТВ2“, јасно алудирајќи на клубот од „Олд Трафорд“.

Facebook Коментари