Таткото на Гризман: Тој згреши минатата година, јас сакав да…

Allan

Францускиот напаѓач, Антоан Гризман го комплетираше својот трансфер во Барселона и сега може максимално да му се посвети на новиот предизвик, но со оглед на тоа како заврши на „Камп Ноу“ и колку време траеше целата таа драма и понатаму има реакции, изјави од сите страни.

Последен кој се огласи е таткото на голгетерот, Алан кој долго време ја прати Барселона и драго му е што конечно неговиот син го комплетираше трансферот.

-Јас бев под стрес затоа што во фудбалот никогаш не се знае. Ми олесна кога потпиша. Си реков „конечно“, затоа што од почетокот беше комплицирана зделка, -истакна Алан кој не стравува од тоа како Гризман ќе биде примен од навивачите со оглед на тоа што се случуваше минатата година и филмот со кој ги одби каталонците и остана во Атлетико.

-Не се плашам, како што кажа Антоан, на теренот се игра. Научи од грешките, знае, ама на теренот се одлучува, -додаде Алан кој откри дека сакал Гризман да дојде во Барселона уште минатото лето.

-Кога го направи изборот минатата година, сакав 200 проценти да потпише за Барселона. Ама тоа беше негова одлука, тој е професионалец, -дополни таткото на најзвучното засилување на шпанскиот шампион.

Facebook Коментари