Поврзете се со нас

Формула 1

Таткото на Ферстапен бара отказ за Хорнер: Ситуацијата ќе експлодира

Објавено

на

Макс Ферстапен ја отвори новата сезона со сигурна победа во Бахреин, но во тимот на Ред Бул останува тензијата поради контроверзите со тимскиот шеф Кристијан Хорнер.

Предводникот на тимот беше под интерна истрага за непристојно однесување кон женски член на тимот, но на крајот не беше санкциониран, а викендов доби поддршка и од сопругата Џери Халивел која пристигна во Бахреин за да биде во друштво на Хорнер.

Дека случајот нема брзо да биде заборавен говори и изјавата на таткото на Макс, Јос Ферстапен кој побарал разделба на Ред Бул и актуелниот тимски шеф.

– Постојано ќе има тензија додека тој е на функцијата.

– Тимот се става во опасност да се „распадне“, вака не смее да продолжи, бидејќи еден ден ситуацијата ќе експлодира. Хорнер изигрува жртва, иако тој го направи проблемот, – рекол Ферстапен сениор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни