НБА
Таткото на Дончиќ: Бев шокиран, но ова не е лоша работа за Лука

Лука Дончиќ досега само со пристојно официјално соопштение се одјави од редовите на Далас, но словенечките медиуми стигнаа до прва изјава од неговиот татко, кој подиректно ја коментирал неочекуваната размена и заминувањето на Словенецот во редовите на Л.А Лејкерс.
Саша Дончиќ признал дека бил шокиран од информацијата, но смета дека неговиот син не може да загуби ништо од овој неочекуван потег на раководството на Далас.
– Бев изненаден, па дури и шокиран. На почетокот дури мислев дека не е вистина, беше навистина чудно.
– Но, очигледно се е можно во НБА, па и оваа размена ќе се реализира.
– Лично, мислам дека ова не е лоша работа за Лука на долгорочен план. Знаеме дека Лејкерс, Селтикс и Никс се најпознати франшизи во НБА, така што Лука нема што да загуби, – рекол Дончиќ сениор.
Тој сепак не го криел разочарувањето од потегот на Далас.
– Можам да разберам дека во одредена филозофија и стратегија некој играч не ти одговара, но зарем да се крие таа идеја на ваков начин. Таа хипокризија од инвидуалци во клубот ме погоди, Лука не заслужи ваков однос.
– Лука има големо почитување кон клубот, фановите и целиот град, минатата сезона одигра 100 натпревари по 40 минути, чуван од по неколку играчи. Некој во клубот сака да го оправда потегот со повреди или физичка подготвеност, но оваа пауза му е најдолга досега откако е во НБА и работи како луд во теретана, – рекол Саша Дончиќ.
-
Шпанија24 часа
Деко за ѕвездата на Барса која неодамна потпиша договор: Ако во блиска иднина се премисли, вратите ќе му бидат отворени
-
Лига на шампиони22 часа
Пеналот во ЛШ ја крена на нозе цела Италија: Завршивме со фудбалот! (Видео)
-
Англија23 часа
Слот шокиран од Оливер: Откриени зборовите кои му ги испратил на судијата откако доби црвен картон (Видео)
-
Англија14 часа
Мареска донесе одлука, Челси има нова „единица“
-
Македонија22 часа
Омерагиќ им се обрати на судиите пред пролетниот дел од сезоната: Мојот телефон не е тајна, нема простор за манипулации!
-
Лига Европа15 часа
Балканците му донесоа убедлива победа на Фенербахче, Сосиедад славеше во Данска (ВИДЕО)
-
НБА23 часа
Кајри-шоу од кое застанува здивот: Ирвинг постигна три тројки за 40 секунди и го откажа Голден Стејт (Видео)
-
Конференциска лига13 часа
Николов и Шишковски славеа со Борац Бања Лука, Антони со мајсторија ја најави победата на Бетис (ВИДЕО)