Поврзете се со нас

Италија

Таткото на Донарума: Ги очекував свирежите на „Сан Сиро“, ама тој…

Објавено

на

Италија претрпе пораз од Шпанија со 2-1 во полуфиналето на Лигата на нации, но овој пораз и прекинот на извонредната серија остана некако во втор план, а причината за тоа е третманот кој голманот Џанлуиџи Донарума го доби на „Сан Сиро“.

Донарума како што е познато е поранешен голман на Милан, клуб кој го напушти минатово лето без никакво обештетување, а тоа не го заборавија навивачите на „росонерите“ кои едноставно очекуваа повеќе од човекот кој уште како дете, тинејџер доби шанса да брани за нивниот омилен клуб.

Најдобриот италијански голман беше исвиркуван од публиката, па поради тоа има доста реакции, коментари на оваа тема, па својот став на истата го даде и таткото на членот на ПСЖ, господинот Алфонсо.

-Јас бев на стадионот и тоа го очекував иако се надевав дека нема да се случи. Ама Џиџио играше за својата земја, не за клуб. Свирежите го повредија повеќе од нас, ама тој е со широки рамења, веќе има искуство и во Серија А и на меѓународно ниво. Тој е уште помотивиран во овие моменти, -вели Алфонсо кој планира и во иднина да го гледа својот син на арените.

-Се надевам дека ќе нема други спорови, но тој е мирен. Тој се смести Париз и е среќен, исто како и ние. Оди по својот пат и не дозволува да биде условен. Тој е посилен од тие свирежи, -порача Алфонсо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни