Поврзете се со нас

Франција

Таткото на браќата Алкантара: ПСЖ го сакаше Тијаго, ама го доби Рафиња

Објавено

на

Браќата Алкантара во летниот преоден рок се преселија во нови средини, Тијаго од Баерн Минхен замина во Ливерпул, додека пак Рафиња шпанска Барселона ја замени со Пари Сен Жермен.

Пред да добијат нови клубови за двајцата имаше многу шпекулации, неизвесности околу нивната иднина, па околу ова интересна вест откри нивниот татко Мазињо. Поранешниот бразилски репрезентативец обелодени дека ПСЖ бил доста заинтересиран, загреан за Тијаго, меѓутоа на крајот морал да се задоволи со услугите на неговот брат Рафиња.

-Зборував со [директорот на ПСЖ] Леонардо пред извесно време, но тоа беше за Тијаго. Леонардо сакаше да го донесе во ПСЖ, меѓутоа Тијаго веќе имаше договор со Ливерпул. Потоа почнавме да зборуваме за Рафа, но тој не беше дел од плановите на Леонардо во тоа време. Мислам дека сигурно размислувал затоа,  ја видел природата на можноста и дека ќе биде удар да го потпише.

-Кога пак почнавме да зборуваме, Леонардо се премисли. Поради тоа се се забрза во последниот ден. Беше понеделник, мораше да работиме напорно за да ги убедиме двата клуба. Бевме исплашени, но фала му на Бога, пет-шест часа пред крајниот рок, склучивме договор. Леонардо го посакуваше Тијаго, но го доби Рафиња. За Рафа беше сон да му се приклучи на таков клуб, -истакна Мазињо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни