Таткото и агент на Алаба потврди дека Реал Мадрид е заинтересиран за него

Bayern-Muenchen-v-SC-Freiburg-Bundesliga-800x533

Во интервју за шпанскиот весник „АС“ таткото и агент на левиот бек на Баерн Минхен, Давид Алаба, Џорџ истакна дека Реал Мадрид е сериозно заинтересиран за услугите на овој фудбалер.

„Кралевите“ подолг период се поврзуваат со австрискиот репрезентативец, а дека има вистина во овие најави потврди и Џорџ Алаба.

-Сите знаат дека Реал Мадрид е силно заинтересиран за Давид, но тоа е се што можам да кажам засега. Ќе видиме што ќе се случи на лето. Сега не е момент да дискутираме кој е заинтересиран за него. Сите веќе знаат за интересот од Мадрид, тоа не е тајна, но засега неман ништо да се каже. Мора да почекаме до крајот на сезоната- искоментира таткото на ѕвездата на Баерн.

Facebook Коментари