Поврзете се со нас

Свет

Татко му играше за Хрватска, а сега тој ќе игра против нив на Олимпијадата, но во друг дрес

Објавено

на

Германскиот селектор Алфред Гисласон го објави списокот на ракометари кои ќе одат на Олимписките игри, а меѓу нив имаше и големо изненадување.

Младото лево крило Марко Гргиќ (20) ја доби поканата од Гисласон и ќе биде еден од 14-те играчи кои ќе настапат во Париз.

Марко е син на Данијел Гргиќ (47), исто така поранешен ракометар кој забележа 26 настапи за хрватската репрезентација.

Гргиќ играше на позицијата пивот, а ги носеше дресовите на Загреб, Штралсундер, Вилштат-Шутервалд, Ајзенах, Медвешчак и Сарлуис. Никогаш не се појави на ниту едно големо натпреварување за Хрватска, иако беше на продолжениот список за ЕП во 2004 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни