Италија
Татарушану одбрани еден пенал, Милан на потежок начин до четвртфиналето на купот (Видео)

Чипријан Татарушану оствари една одбрана во пенал завршницата на дуелот меѓу Милан и Торино, а тоа беше доволно „росонерите“ да изборат пласман во четвртфиналето на италијанскиот куп.
Фаворитот го почна натпреварот со Златан Ибрахимовиќ, но не само што немаше гол по првиот дел, туку и во продолжението во кое Швеѓанецот не играше, а Милан се засили со играчи како Чалханоглу, Кеси и Ернандез.
Домаќините почесто се обидуваа да го совладаат Вања Милинковиќ-Савиќ, но фактот што не успеаја, значеше продолжение од 30 минути, во кое повторно немаше погодок. Во второто полувреме, Донарума како резервен голман заработи црвен картон и беше испратен во соблекувалната.
Пеналите го решаваа патникот во следната рунда, а таму Татарушану го одбрани ударот на Ринкон во четвртата серија и тоа беше доволно за победа од 5:4 на Милан во пенал рулетот и место во четвртфиналето.
Следен противник на Милан ќе биде победникот од дуелот меѓу Фиорентина и Интер.

- Германијапред 12 часа
„Скај Германија“ јавува нов момент во врска со Алаба: Ништо не е готово, Захави ќе чека друг тим
- Светпред 11 час
Уште еден Македонец во 23-кратниот унгарски шампион: Миовски доби сонародник во МТК Будимпешта (ВИДЕО))
- Англијапред 13 часа
Пол Погба јавно се извинил на своите соиграчи од Манчестер Јунајтед
- Шпанијапред 10 часа
Меси ја дозна казната од „дисциплинците“ за црвениот картон против Билбао
- Англијапред 15 часа
Карагер сигурен дека еден фудбалер на Ливерпул ќе го загуби првотимскиот статус по лошите изданија
- Италијапред 13 часа
Милан не запира, сега влезе во преговори со Барселона за ангажман на играчот на „каталонците“
- Светски првенствапред 10 часа
Годините се само бројка: Лазаров има 40, ама игра како да има 20 години (ВИДЕО)
- Светски првенствапред 9 часа
Митревски: Немаме што да загубиме, не се залетуваме, ама нема и да се предадеме