Поврзете се со нас

Италија

Татарушану ја посочи главната предност на Милан пред Куп битката со Интер

Објавено

на

Вечерва од 20:45 часот во Милано се игра мечот меѓу Милан и Интер во четвртфиналето на Купот на Италија.

Ова е битка на двете екипи кои досега прикажаа најмногу во Серија А, па затоа доста се очекува од овој дуел кој води во полуфиналето на ова натпреварување. „Росонерите“ нема да можат да сметаат на првиот голман Џиџио Донарума кој е суспедиран и негово место меѓу стативите се очекува да го замени Чиприан Татарушану.

Токму искусниот Романец даде една интересна изјава пред дербито притоа посочувајќи дека тие како група, екипа се далеку пообедените во однос на Интер.

-Мислам дека сме пообединети како група. Играчите тука подолго време се заедно во споредба со оние во Интер, -рече Татарушани за „Спорт Медијасет“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни