Поврзете се со нас

Свет

Тата Мартино за „трансферот“ на Меси во Барселона: Можеби…

Објавено

на

Foto:twitter.com/InterMiamiCF

Интер Мајами доживеа пораз од Синсинати со 1-0 и со тоа ги загуби сите шанси за пласман во плејофот во МЛС лигата.

Лионел Меси по неколку пропуштени натпревари се врати за ова соочување, беше активен во второто полувреме, но и тој не успеа да помогне клубот од Флорида да дојде до подобар резултат.

Во изминативе денови се појавија вести, информации во медиумите дека Меси би можел да се врати во Барселона на позајмица со оглед на тоа што Интер Мајами нема да игра во разигрувањето што значи дека Аргентинецот и колегите ќе имаа значајна пауза.

За овој  наводен „трансфер“ свој коментар имаше тренерот Херардо Тата Мартино кој низ смеа порача:

-Ова ме изненадува. Дали ќе оди да се забавува? Можеби ќе ја посети Барселона. Освен тоа, не знам ништо друго за тоа, -порача Мартино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни