Поврзете се со нас

Италија

Тасоти посочи што треба да биде приоритет за Милан во зимскиот преоден рок: Тоа е од суштинско значeње

Објавено

на

Мауро Тасоти е легенда на Милан, човек кој скоро две децении активно го носеше дресот на „црвено-црните“ за да по завршувањето на играчката кариера мине долг период како тренер, помошник, асистент во италијанскиот великан.

Тасоти и денеска внимателно ги прати „росонерите“ за кои им даде совет за тоа што треба да направат во престојниот зимски преоден рок. Италијанецот смета дека за Милан приоритет треба да биде доведување на нов стопер со оглед на големите проблеми кои тимот ги има кога е во прашање срцето на одбраната.

-Тео добро си ја заврши работата како стопер (против Фрозиноне) но би сакал да го видам повторно да игра на страна што е можно поскоро. Неговата брзина е премногу важна. Верувам дека нов централен дефанзивец е од суштинско значење.

-Им остана само еден  (Томори). Потоа тие треба да одлучат за Јовиќ бидејќи не можат да продолжат да бараат од Оливие Жиру да игра три натпревари на високо ниво секоја недела, -рече Тасоти кој издвои едно име како засилување за нападот.

-Би потпишал со Судаков кој го тренирав со репрезентацијата на Украина. Слушнав гласини за него и мислам дека тој е интересен играч. Се разбира, знам дека е тешко да го донесам овде од Украина, -истакна некогашниот италијански репрезентативец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни