Тасевски заработил сериозна повреда на подготовките на Славија во Турција

darko-tasevski

Поранешниот македонски репрезентативец Дарко Тасевски настрадал од грубата игра на противник на Славија Софија за време на подготовките во Турција.

Тасевски и неговите соиграчи од Славија денеска играле контролен натпревар против Спартакс Јурмала, а нашиот интернационалец бил жртва на груб старт на противнички играч од летонскиот клуб.

Како што пренесуваат бугарските медиуми, Тасевски заработил повреда на вкрстените лигаменти на коленото и го очекува пауза од најмалку половина година.

Facebook Коментари