Поврзете се со нас

Италија

Таре за големата улога и значење на Милинковиќ-Савиќ: Ако имав ќерка…

Објавено

на

Сергеј Милинковиќ-Савиќ е еден од најдобрите, ако не и најдобар, најконстантен играч на калчолигашот Лацио, партии со кои си овозможи да биде стандарден репрезентативец на Србија, но и да игра значајна улога во составот предводен од Драган Стојковиќ Пикси.

Тој со националниот тим ги прави последните подготовки пред настапот на СП, меѓутоа во исто време се говори и за неговото клупско прашање и дали ќе остане во Лацио и во 2023 година.

Клубот од Рим тоа го посакува, ама се прашува и самиот играч кој веќе подолг период е во таборот на „лацијалите“ и се чини дека едноставно ја има надминато оваа средина. Жалбата на Лацио е да го задржи во своите редови и најдобар доказ за тоа колку е тој значаен говори изјавата на глвниот оперативец, Игли Таре.

-Тој пристигна овде како дете и сега е возрасен маж, татко. По осум години тој е важна личност за нас, не само играч. Тоа е она што најмногу го ценам кај него, тој е толку скромно човечко суштество, никогаш арогантен или дрзок.

-Ако имав ќерка, би сакал таа да се омажи за него. Дали е тоа доволно јасно колку ми се допаѓа? Понекогаш после натпревар ќе дојде кај мене и ќе ме праша дали направил добро или лошо. Секогаш му одговарам дека може подобро, а потоа се смее дека никогаш не сум задоволен. Го предупредувам да продолжи да гледа напред и дека навистина може да се подобри како играч, -порача Таре за „МоцартСпорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни