Поврзете се со нас

Италија

Таре: 100 милиони евра за Милинковиќ-Савиќ? Не сум добар со бројки…

Објавено

на

blank

Спортскиот директор на Лацио, Игли Таре даде коментар и објасни како стои ситуацијата со еден од најдобрите играчи во екипата Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Српскиот интернационалец е поврзуван со многу клубови како Манчестер Јунајтед, ПСЖ, Интер и Јувентус, меѓутоа Лацио на чело со првиот човек Клаудио Лотито е тежок преговорач и во моментов не размислува за негова продажба.

-Лацио во моментов нема потреба да продава. Мислам дека многу ќе се променат на пазарот затоа што пандемијата се случува еднаш во животот. Тоа е феномен кој се трансформираше, затоа мора да бидеме креативни, но пред сè многу јасни во нашето планирање за сегашноста и иднината.

-Со оглед на ситуацијата, неговите желби и сè за што разговаравме, можам да кажам дека секоја ситуација ќе се оценува во вистинско време без притисок, но пред сè за доброто на сите заинтересирани. Доколку има ситуација што ќе ги израдува клубот и играчот, тоа ќе биде земено во предвид. Инаку ќе бидеме среќни ако тој остане, -истакна Таре запрашан дали цената за СМС останува најмалку 100 милиони евра тој порача:

-Не сум добар кога се броеви во прашање… Едно е сигурно, тој е играч за највисоко ниво, -порача оперативецот на лацијалите.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни