Поврзете се со нас

СЕХА лига

Танкоски: Седмерците се секогаш лотарија, ќе беше штета да не победиме во ваква атмосфера

Објавено

на

Тимот на Еурофарм Пелистер за првпат во својата историја ќе игра на завршниот турнир во СЕХА лигата, а за тоа се избори откако успеа да слави над Мешков Брест од Белорусија.

Тешка борба водеа Пелистер и Мешков во Битола, пресметка која на крајот мораше да биде решена со пенал рулет во која ако пресудна се покажа одбраната на голманот Урбан Лесјак во последната серија.

Еден од најдобрите во дресот на „фармацевтите“ беше Марио Танкоски со 4 голови од 5 обиди и 1 асистенција, па бекот смета дека ќе била голема штета ако не успеале да дојдат до ваков резултат пред многубројната публика во салата „Боро Чурлески“.

-Беше прекрасно да се игра во ваква атмосфера и пред овие навивачи. Водевме во текот на скоро сите шеесет минути и ќе беше вистинска штета да не победевме на крајот. Седмерците се секогаш лотарија, но покажавме карактер, верба и мислам дека заслужено победивме.  Не треба да трошиме зборови за Веспрем и дуелот во полуфиналето. Ќе одиме во Задар да уживаме, -порача Танкоски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни