Поврзете се со нас

Македонија

Таневски презема одговорност и си поднесе оставка по резултатската криза во Македонија

Објавено

на

Македонија Ѓорче Петров влезе во резултатска криза и не знае за победа цели пет натпревари во Првата македонска фудбалска лига, а денешниот нов неуспех во домашното првенство резултираше со радикална одлука.

„Лавовите“ загубија од Брегалница со уверливи 4:1 на гостувањето, што се покажа како доволно добра причина тренерот Александар Таневски да ја презема одговорноста и да си поднесе оставка.

Поранешниот предводник на Академија Пандев реши да стави крај на својата втора авантура како шеф на стручниот штаб во тимот од Ѓорче Петров, за што стигна потврда и од самиот клуб.

– По денешниот пораз Александар Таневски поднесе оставка од позицијата шеф на стручен штаб. Ти благодариме Клајне и ти посакуваме среќа во кариерата, – гласи објавата на „лавовите“.

Македонија последната победа ја оствари на крајот на месец август, а следната сега и официјално ќе се брка со нов тренер на клупата кој дополнително ќе биде промовиран.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни