Поврзете се со нас

Македонија

Таневски повеќе не е е тренер на Академија Пандев

Објавено

на

Александар Таневски ја заврши својата приказна со македонскиот прволигаш Академија Пандев.

„Пандевци“ имаат лош старт на новата сезона во ПМФЛ во која во првите пет кола освоија само три бода, односно го победија само составот на Струга Трим Лум. Овие резултати го разочараа Таневски кој по вчерашниот пораз од Борец од 2-0 одлучи да си поднесе оставка од функцијата прв тренер на екипата, оставка која ја прифати управата на клубот од Струмица.

Од Академија Пандев му се заблагодарија на Таневски за вложениот труд и му посакаа се најдобро во понатамошната кариера.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни