Поврзете се со нас

Италија

Тандемот Кварацхелија – Лукаку почна да функционира, Конте бурно се радуваше на клупата (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/sscnapoli

Наполи почна да се навикнува на ерата пост Виктор Осимен и тоа стана јасно од првиот ден во летниот преоден рок, па токму поради тоа, Антонио Конте донесе напаѓач со слични карактеристики во својот тим.

Италијанскиот стручњак го ангажираше Ромелу Лукаку и брзо најави дека играта на Наполи во голем дел ќе се сведе кон таргетирање на корпулентниот напаѓач, кој полека но сигурно почнува да се воигрува и со најголемата ѕвезда на тимот.

Квича Кварацхелија и Лукаку денеска покажаа колку може да биде важен нивниот индивидуален квалитет, бидејќи со два добри потези ги урнаа надежите на тимот од Сардинија.

Калјари нападна со сите сили на стартот на вториот дел и беше подобар ривал на теренот, но намаше решение за еден против напад на Лукаку и Квича кој заврши со гол на Грузиецот. Антонио Конте бурно се радуваше на овој гол кој во тој момент донесе предност од 0:2, по што следеше голема грешка во потесната одбрана на Калјари, која заврши со асистенција на Квича, а овојпат гол на Лукаку.

Во самата завршница гол за конечни 0:4 постигна и Бонџорно, додека во првото полувреме, Наполи стигна до предност со среќниот гол на Ди Лоренцо.

За Наполи ова е трета победа во низа во Серија А, па така тимот на Конте за момент изби на првото место на табелата.

Головите погледнете ги ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни