Поврзете се со нас

Шпанија

Тандемот Гризман-Мората го врати Атлетико во топ 4 (Видео)

Објавено

на

Атлетико Мадрид излезе од топ 4 друштвото по извонредната форма на Атлетик Билбао, но тимот на Чоло Симеоне сега ја надогради дерби победата над Реал со нов триумф во Ла Лига.

„Душекџиите“ се вратија на четвртото место со победа над тимот кој се бори за опстанок, па доволен беше само еден гол во мрежата на Гранада за да се оствари победа од 0:1.

Антоан Гризман и Алваро Мората сочинуваат убиствен тандем оваа сезона и повторно беа одлучувачки за важна победа на Атлетико, бидејќи Французинот асистираше, а Шпанецот го постигна својот 19-ти гол од стартот на сезоната.

Ова се случи во 54-та минута од мечот и набрзо после тоа Саул погоди за 0:2, но овој погодок беше поништен поради офсајд.

Со овие три бода, Атлетико се израмни со Атлетик на табелата со 41 бод, но поради подобар гол разлика е на четвртото место.

Голот на Мората погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни