Поврзете се со нас

НБА

„Танц“ на Дончиќ и Ирвинг, Далас на чекор од големото финале во НБА лигата (ВИДЕО)

Објавено

на

Foto:twitter.com/dallasmavs

Екипата на Далас Маверикс излезе како победник и во третата пресметка со Минесота Тимбервулс во финалето на западната конференција во НБА лигата.

Клубот од Тексас овојпат ја имаше улогата на домаќин, предност на домашен терен која ја искористи за славје од 116:107, победа која му донесе водство од 3-0, односно сега е само на еден чекор од големото финале по пауза од 13 години.

Маверикс одигра квалитетно прво полувреме во кое по 24 минути се стекна со позитива од 60:52. Меѓутоа по одморот гостите беа тие кои подобро се снајдоа и третиот период го реализираа со 35:27 што значеше дека во завршниот период се оди со нерешен резултат (87:87), поточно се тргнува од „нула“.

Се водеше голема борба, се менуваа екипите во водство, но избраниците на Кид го имаа последниот збор, удар и се изборија за голем триумф кој им ги отварата вратите за пласман во наредната фаза.

Главниот збор го имаа двете домашни ѕвезди, Дончиќ реализираше 33 поени со 7 скока, 5 асистенции, 5 украдени топки и 1 блокада, Ирвинг пак на 33 кошеви додаде 3 скока, 4 асистенции и 1 украдена топка.

Кај поразените Едвардс беше автор на 26 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни