Поврзете се со нас

Италија

Тами одлично се навикна на животот во Италија: Ејбрахам ја пееше химната на Рома од теренот (Видео)

Објавено

на

Тами Ејбрахам се одлучи за навистина голем и храбар чекор непосредно по стартот на сезоната во Премиер лигата, бидејќи брзо сфати дека најдобро е да си пронајде нова средина во ситуација кога Челси го купи Ромелу Лукаку.

Ејбрахам имаше неколку опции од Англија, но се реши за доста похрабар чекор, заминувајќи во друга земја во која допрва треба да ја учи културата, јазикот и фудбалските сфаќања.

Младиот напаѓач има навистина коректен старт во Рома и вчера го постигна својот втор гол во Серија А, кој беше доволен за тимот на Жозе Мурињо да оствари минимална победа против Удинезе од 1:0.

Ејбрахам одигра 84 минути пред да биде заменет од Шомуродов, но покрај постигнатиот гол, Англичанецот ги воодушеви навивачите на Рома и со својот потег пред првиот судиски свиреж.

На Тами очигледно му годи величествената атмосфера која се создава на „Олимпико“ пред натпреварите, па вчера беше уловен како ја пее химната на Рома.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни