Поврзете се со нас

Балкан

Талиска ја потврди победата на Фенербахче, па беше погоден со шише со вода од публиката (Видео)

Објавено

на

Фото: https://x.com/Fenerbahce

Андерсон Талиска нема по добро да го памети првиот гол во дресот на Фенербахче во турското првенство, бидејќи по неговото постигнување заврши на подлогата.

Клубот од Истанбул денеска гостуваше кај Алањаспор и успеа да победи со 0:2, со голови постигнати во првото полувреме.

Талиска кој неодамна дојде во Фенер од редовите на Ал Наср беше стрелец на вториот гол, а беше погоден со шише со вода додека го прославуваше истиот пред домашните фанови.

Бразилецот веднаш падна на теренот и бараше лекарска интервенција, но подоцна можеше да го продолжи натпреварот и беше повлечен од игра во 70. минута.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни